До кога – запалени уште два контејнери

87

Непознати сторители во средата вечер запалиле два контејнера за одлагање смет што беа поставени во населбите Центар и Чаир.

Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ информираат дека запален е еден  од новите, поставен на улицата „Орце Николов“, во близина на Генералштабот, додека во Чаир на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е запален стар метален контејнер.

Ваков инцидент се случи и пред три дена кога во една ноќ беа запалени осум контејнери за одлагање смет во населбите Ѓорче Петров и во Ново Лисиче. Огнот предизвика голема материјална штета, а беа оштетени и две возила кои биле паркирани во близина на опожарените садови за отпад – соопштија градските власти.

-Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз контејнерите и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти – потенцираат градските власти.