ДО КОГА ВАКА ?!

3027

Сообраќајниот хаос во Скопје продолжува. Над 200 автобуси денеска беа паркирани на клучните крстосници: кај ТЦ „Мавровка“, Црвен Крст, а целосно блокиран беше и булеварот „Илинден“ од фонтаната кај Градски парк до Зоолошката градина.  Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека граѓаните не треба да им се лутат на приватните превозници и да бидат револтирани.

агрозени се основните човекови права и тоа од една личност која поради суета сака да се докаже пред граѓаните дека таа станала деспот, владетел на одредено царство или „сопственик на нива која може да ја копачи како што сака“, нагласи Јовановски. Нивните автобуси ќе останат паркирани на крстосниците се додека не седнат на маса со претставници од Град Скопје за да се најде решение на проблемот.

Од Град Скопје не сакаа да ги коментираат, како што ги нарекоа „навредите на Јовановски, бидејќи тие кажувале многу за лицето од чија страна се изнесени“. Во опција е и  штрајк со глад на возачите, но нивните семејства да дојдат на протест за, како што рече Јовановски, „градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да види дека нивните татковци немаат да им дадат за ужинка за во училиште, па таа овде да им подели“

 – Скопје не е приватно царство. Мора да има силен одговор кон функционер кој сака да ја приватизира функцијата. Oвa беше одговорот на директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на револтот на скопјаните поради тоа што со радикализираните блокади им беше попречено нормалното движење низ сообраќајниците и оневозможено навреме да стигнат на своите работни места, на училиште, на лекар. Тие се снаоѓаа како знаат и умеат, користејќи велосипед, тротинет, или одејќи пеш.

Над 200 автобуси беа паркирани на клучните крстосници: кај ТЦ „Мавровка“, Црвен Крст, а целосно блокиран беше и булеварот „Илинден“ од фонтаната кај Градски парк до Зоолошката градина. Нивните автобуси ќе останат паркирани на крстосниците се додека не седнат на маса со претставници од Град Скопје за да се најде решение на проблемот.

Јовановски најавува и опција за штрајк со глад на возачите, но нивните семејства да дојдат на протест за, како што рече „градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да види дека нивните татковци немаат да им дадат за ужинка за во училиште, па таа овде да им подели“.

Според него, граѓаните не треба да ги критикуваат приватните превозници, туку изворот на проблемот, а тоа е Данела.

– Не може некој со лични хирови и суети да остварува преку грбот на граѓаните и преку оние кои што 30 години ја врши оваа дејност. Приватните превозници престанаа да возат бидејќи немаат пари да купат гориво – дециден е Јовановски.

Тој додаде дека се загрозени основните човекови права.

– Не може граѓаните да се лутат и да бидат револтирани, бидејќи се загрозени основните човекови права и тоа од една личност која поради суета сака да се докаже пред граѓаните дека таа станала деспот, владетел на одредено царство или сопственик на нива која може да ја копачи онака како што сака – нагласи Јовановски. 

Тој соопшти дека до „Слобода превоз“ дури вчера стигнало известување за раскинување на договорот со Град Скопје. На новинарско прашање дали има едногласност од страна на приватните превозници дека нема да се пријават на повикот што го најави Арсовска, тој одговори дека никој од нив не би се пријавил знаејќи дека Градот веќе им должи пари.

– Дали овие превозници на кои веќе им се должи четири месеци ќе се пријават на некој оглас и повторно четири месеци ќе работат и финансираат во бизнисот, за повторно градоначалничката да каже дека не ги исплаќа и да ја тужат. Како може да има јавен повик и да очекува некој да се приклучи на нешто што таа нема намера да го плаќа – изјави Јовановски и додаде дека „е комотна во тој дел бидејќи нејзе финансиски не и влијае тоа и можеби нема да биде градоначалник кога ќе се реши проблемот“.

Тој тврди дека познавајќи ја правната регулатива таквиот оглас е невозможен, бидејќи се коси и со закон и со одлуката на Советот на Град Скопје и нагласи дека нема да дозволат да се остварат за сега шпекулациите да дојде друг превозник.

– Над 250 возачи сеуште се вработени. Кој ќе најде 250 возачи и ќе може да ги пријави на таквиот оглас – реагираше Јовановски.

Тој апелираше Владата иако ја нема надлежноста, бидејќи ги има институциите и авторитетот да се вклучи со медијација, да ги слушне и види вистинските аргументи за да каже кој ја кажува вистината, а кој стои зад овој проблем и најави дека имаат поддршка од граѓански здруженија.

Од Град Скопје не сакаа да ги коментираат, како што ги нарекоа „навредите на Јовановски, бидејќи тие кажувале многу за лицето од чија страна се изнесени“. При тоа, наведуваат дека основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните.

– Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеаја да оспособат 130 автобуси од флотата на ЈСП, со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра и стандардизирана услуга – децидни се од Град Скопје.

Што се однесува до јавниот повик, оттаму нагласија дека тој ќе биде објавен оваа недела и тоа во согласност со одлуката на Советот на град Скопје и законските одредби.

– Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна – потенцираа од Град Скопје.

(А.П.)