Колумбија го екстрадираше поранешниот играч на Саутемптон, Џон Виафара, во Соединетите Американски Држави, откако беше обвинет за трговија со дрога.

Вијафара (41) дојде во Саутемптон во 2016 година и одигра две сезони на „Сент Мери“, а во март минатата година беше уапсен поради трговија со дрога.

Тој е обвинет за увоз на два тона кокаин во САД, чија вредност изнесува 21 милион фунти, и поминал 10 месеци во притвор. Вијафара се шпекулира дека е крал во операцијата што користела глисери и мали авиони за испраќање дрога во САД.

  • Порано ја делев соблекувалната со Меси, а денес морам да делам ќелија со некој кој беше во војна кај нас, истакна Вијафара, кој со лисици на рацете беше предаден од колумбиските власти во САД.

Во 2015 година тој ја заврши фудбалската кариера и од тогаш тргна по погрешен пат. Во текот на својата кариера смени многу клубови, а играше и за репрезентацијата на Колумбија. Што се однесува до неговата изјава дека ја делел соблекувалната со Меси, тоа се однесува на добротворниот натпревар одигран во Мексико во 2012 година. Тој играше со Меси за ѕвездите на Јужна Америка кои тогаш ги совладаа ѕвездите од Мексико со 5:3.