Достојно за црвениот килим во Рим: Актерката го покажа најсензуалното деколте видено досега/фото

143

Џесика Честејн блескаше во светликав фустан и покажа како може да се прикаже деколте на многу дискретен начин, додека сепак изгледа сензуално и убаво.

Таа донесе допир на гламур и висока елеганција на црвениот килим и ги воодушеви модните критичари.

Актерката Џесика Честејн синоќа присуствуваше на премиерата на филмот „Очите на Тами Феј“ на филмскиот фестивал во Рим, а нејзиниот изглед беше навистина малку поинаков, различен од сето она што го видовме во последно време.

 

Црвенокосата ѕвезда прошета по црвениот килим во одмерена и елегантна креација потпишана од модната куќа „Гучи“.

Фустанот се состои од два дела – црвено здолниште од тул и светки, а горниот, синиот дел на префинет начин го открива нејзиното деколте.

Исто така, има одмерен детаљ околу вратот – луксузен ѓердан со разнобојни циркони.