Доста со промоција на тие пижами!

48

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал за првпат во клупската историја го престави резервиот дрес на кој доминира розевата боја. Раководните лица на популарните „топчии“ открија дека таквата одлука е донесена со цел да и се даде подршка на локалната заедница која секогаш му дава подршка на поранешниот шампион на Англија. Резервниот дрес беше преставен на малку бизарен начин. Фудбалерите од горе до доле беа облечени во опрема на која доминираше розевата боја. Сосема очекувано, новиот дрес ги подели најверните фанови на Арсенал, а помеѓу сите коментари, убедливо најголемо внимание привлече коментарот дека фудбалери и клубот мораат под итно да престанат со промоцијата на пиџамите.

„Топчиите“ имаа просечни резултати во изминатата сезона, во која повторно не обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Поради таквата ситуација, на актуелниот менаџер, Микел Артета, му беше дозволено да ангажира неколку квалитетни засилувања. Главниот збор во нападот ќе го има бразилскиот интернационалец Габриел Жезус, кој е купен од актуелниот шампион, тимот на Манчестер Сити, а од истиот клуб е купен и украинскиот интернационалец, Олександар Зиченко.

Кога е во прашање средниот ред, тука сите очи ќе бидат насочени кон Фабио Виеира, кој е купен од португалскиот гигант Порто.