Доста се дрогираш!

6119

Во изминатите неколку месеци, Жерар Пике, е главна тема на жолтиот печат и тоа поради крајот на љубовната врска со познатата пејачка Шакира и почетокот на новата љубовна врска со далеку помладата и атрактива Клара Марти.

Откако во јуни 2022 година ракина со Шакира, поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант доби етикета на најголем негативец. Папараците и новинарите моментално не се „најдобри пријатели“ на Пике, а познатиот фотограф, Жорди Мартин, кој веќе објави неколку пикантерии од животот на фудбалерот и пејачката, повторно објави нешто кое многу го изнерива поранешниот репрезентативец на Шпанија.

  • Мојот најдобар пријател ме прати, напиша Мартин на својот твитер профил и објави неколку фотографии на кои јасно се гледа дека Жерар Пике редовно ги следи сите негови објави.

Само неколку минути подоцна, Пике му одговори на фотографот: „Немој повеќе да се дрогираш“.

  • Јас не те етикетирам, а ти реагираш. Редовно ги пратиш моите постови, пола планета те мрази, а ти одговараш со нешто кое не требаше ниту да го спомнеш. Можеби нешто ве загрижува и не сакате светот тоа да го дознае, напиша Жорди Мартин под одговорот на Пике.

Пред неколку недели беа објавени стиховите од новата песна на Шакира која сосема очекувано му ги посвети на својот поранешен партнер.

  • Веќе се качив и во вториот авион, не се враќам дома. Долго време се правиш дека си шампион, а кога ми требаше, ти ми ја даде најлошата верзија. Не ти се враќам, дури и да молиш и плачеш, ме остави поради неа и во долгови. Мислиш дека ме повреди, но сега сум уште посилна. Таа сигурно има убаво име, но не е така како што звучи, јасно… Чекор помеѓу љубовта и омразата. Ти посакувам се најдобро со мојата замена. Не знам што се има случено, но направи замена Ферари за Твинго, Ролекс за Касио, пее Шакира во новата песна.