Доста ми е од се, за се сум јас виновен

158

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, повторно е главна тема во сите медиуми, но сега поради вербалниот конфликт кој го имаше со шпанските медиуми. Откако ги заврши репрезентативните обврски кои ги имаше со Аргентина, Меси се врати во Барселона, но на аеродромот беше пречекан од преставниците на Министерството за финансии кои сакаа да му постават неколку прашања, но капитенот на Барса не сакаше да даде одговор.

Иако не даде одговор, Меси буквално збесна поради малтретирањето и проверката на документите која траеше повеќе од еден час.

После проверката од преставниците на министерсвото, Меси дојде до новинарите кои успеаа да го испровоцираат со критиките кои беа упатени на неговата адреса од страна на вујкото на францускиот интернационалец Антоан Гризман.

  • Доста ми е од се. Секогаш јас сум крив за проблемите во клубот, изјави Меси и веднаш се упати кон автомобилот во кој беше неговата сопруга Антонела.

Пред неколку дена вујкото и поранешен агент на Антоан Гризман, Ерик Олатса,  изјави дека Меси е карциномот кој ја убива Барселона и дека Аргентинецот контролира се во клубот.

  • Антоан се пресели на „Ноу Камп“ и веднаш западна во проблеми затоа што клубот функцинира според ставот на Меси. Тој во исто време е цар и монарх, а не беше премногу воодушевен од трансферот на Антоан. Беше дрзок, тоа можеше да се почуствува. Секогаш слушав дека Антоан нема проблеми со Меси, но никогаш тоа не го слушав од другата страна. Јас сум убеден дека Меси намерно изјави дека сака да си замине од Барселона само да види колкава е неговата моќ во клубот. Класичен Меси. Колку и да е добар на зелениот терен, толку е лош надвор од него. Барселона веќе подолг период пати поради него. Тој е рак-рана на клубот, изјави Олатса.

Потоа Олатса изјави дека тој Гризман, кој игра фантастично во репрезентативниот дрес на Франција е вистинскиот Гризман, кој игра без притисокот кој го има од Барселона и Меси.

  • Антоан не е болен, болна е Барселона. Кога дојде во Барселона, Меси не збореше со него, не сакаше да му ја додаде топката. Го малтретираше. Таквата ситуација имаше големо влијание врз Антоан. Тоа се гледа кога зборите со него. Исто така го имаме и заминувањето на претседателот, осумте гола кои ги примија од Баерн (М). Состојбата во Барселона не е добра, додаде Олатса.