Досега сме слушнале за „алфа“ и „бета“ маж: Но, дали знаете кои се „сигма“ мажи?

284

Кога станува збор за типовите на личност во машката хиерархија, обично сите мажи се поделени во две спротивни групи: алфа и бета мажи. Но, дали сте чуле дека постојат сигма мажи?

Не мора да бидете експерт за да знаете дека овие два вида на социјална структура се сосема различни: алфа мажите се екстроверти, лидери и центар на внимание во сите социјални ситуации, додека бета мажите живеат во сенка, извршуваат наредби, го следат другиот.

Меѓутоа, што е со оние мажи кои не можат да се класифицираат во ниту една од споменатите категории?

Иако се чини дека самоуверениот и главен алфа мажјак сѐ уште доминира и е во центарот на машкото и женското внимание, има и такви кои не се грижат за правилата и сепак успеваат да бидат привлечни.

Оттука се заклучува дека алфа мажјаците можеби не се сѐ она што треба да бидат. Затоа веќе се поактуелен е сигма мажот.

Кој и што значи сигма маж

Овој маж е човек на кој не му треба потврда од другите луѓе. Не е гласен, ниту дрзок, напротив, мирен е и прибран. Сигма мажот е интроверт, но самоуверен тип. Сигмите се невообичаени типови и затоа не се вклопуваат во групи.

Алфа маж наспроти сигма маж

Алфа и сигма мажите во суштина се еднакви и имаат многу заеднички карактеристики. И двајцата се сигурни во својот животен избор и целат високо. Главната разлика лежи во нивниот став.

Сигмите избираат да бидат надвор од хиерархијата, додека алфите претпочитаат да бидат на врвот. Затоа алфите постигнуваат успех со качување по хиерархиската скала. Сигмите, пак, не припаѓаат во ниту една категорија. Тие сѐ прават сами.

Карактеристики на сигма мажи:

1. Не им е грижа за очекувањата

Алфите стојат на врвот, бета се следбеници, а сигмите, едноставно не се вклопуваат во шаблонот. Хиерархијата не значи ништо за нив, и сите норми и трендови што ги поставува општеството, (а особено алфите), се бесмислени за сигмите. Не можете да им кажете како да се облекуваат или како да се однесуваат. Тие прават што сакаат.

2. Ги кршат правилата

Исто како и алфите, и сигма мажите се борат со авторитети. Сигмите обично се самовработени и имаат мир и флексибилност во голема мерка. Подобро им е да работат сами, бидејќи немаат проблеми да управуваат со своето време и да се организираат според свои правила.

3. Не бараат потврда

Сигма мажите не се потпираат на луксуз за да се чувствуваат комплетни и успешни. Тие не се обидуваат да се докажат со скапи работи бидејќи разбираат дека материјалното не може да ја замени личната вредност. Тоа значи дека тие возат што сакаат, носат што сакаат и не го прават она што алфите им го велат.

4. Не се отворени за секого

Сигма мажот не се фали со своите достигнувања или големи соништа на социјалните мрежи. Нивните страсти се приватни. Луѓето често ги сметаат за лукави и мистериозни. Потребно е многу време за да се запознае сигмата. Тие не чувствуваат потреба да ги споделат своите лични податоци.

5. Тие се водачи кои остануваат понизни

Сигма мажите се осамени волци, но, во зависност од околностите, знаат да се претворат во моќни водачи. Тие ги инспирираат другите со својата страст и посветеност. Сигмите на високи позиции никогаш не се арогантни моќни, затоа и се почитувани.

6. Претпочитаат свој начин на живот

Сигмите се пребирливи во своите рутини и за нив нема ништо полошо од личности кои сакаат да контролираат. Тие не се придржуваат кон туѓите очекувања. Сигмата се менува само ако тоа навистина го сака.

7. Самоуверени интроверти

Сигмата не сака да биде во центарот на вниманието и претпочита да поминува време сам. Иако честопати остануваат незабележани, имаат исто толку самодоверба како и алфите, единствено ги разликува алфината екстровертност.

8. Личниот простор е од витално значење за нив

Сигмите бараат поголем личен простор за да ја задоволат својата цел за учење и постигнување. Тие можат изненадно да се одлучат на радикални промени, да речеме, да исчезнат за да ја следат нивната страст. Сигма мажот не дозволува никој да му застане на патот.

Зошто се толку популарни?

Мажот Сигма има превез од мистерија околу себе, што го прави интригантен. Тешко е да се игнорира неговата интелигенција и независност. Никогаш не ја следи толпата и не бара одобрување. Ова е она што го прави овој човек толку привлечен и за мажите и за жените. Од друга страна, можеби се работи само за уште еден тренд што ќе исчезне самостојно.