Каталонскиот ракометен гигант Барселона, доминантно стигна до титулата во ракометната Лига на шампиони, но сезонава приреди неколку интересни приказни во однос на тоа што се очекуваш, а што се случи на крајот од натпреварувањето. Европската ракометна федерација (ЕХФ) извади пет интересни моменти од цела сезона.

На првото место го стави совршенството на Барселона, која до титулата стигна без загубен натпревар. „Катлонците“ играа добро и минатата сезона, но го загубија првиот натпревар од ПИК Сегед и последниот од Кил. Но, оваа сезона ги добија сите натпревари и тоа со убедлива разлика, а стнаа и првиот тим кој ја осовил Лигата на шампионите без ниеден пораз.

Приказната на данскиот шампион Алборг, ЕХФ ја рангираше на второто место. На почетокот од сезоната никој не веруваше дека данскиот тим ќе се пласира на завршниот турнир во Келн, а уште помалку дека во полуфиналето ќе го елиминира најбогатиот клуб во светот, францускиот ПСЖ. Сепак Данците му одржаа лекција на францускиот тим во Келн, но не успеаја да го повторат истото против моќната Барселона. Сепак, наредната сезона ќе бидат страв и трепет во Лигата на шампионите, бидејќи ќе имаат супрт можен тим откако во ростерот ќе ги имаат Микел Хансен, Арон Палмарсон и Јеспре Нилсен.

Пари Сен Жермен и покрај големиот број на ѕвезди и буџетот со кој располага трет пат мораше да се задоволи со третото место. Францускиот тим четврти пат во пет настапи загуби во полуфиналето, но победи во мечот за третото место три од четири пати. Во единственото финале во 2017 година беа поразени од Вардар, а оваа сезона повторно не успеаја, а нивната најголема ѕвезда Микел Хансен се уште нема торфеј од Лигата на шампионите и покрај тоа што досега седум пати играл на завршниот турнир.

Четвртото место е резервирано за тимовите од Источна Европа, бидејќи претходно ниеден тим од овој дел од Стариот Континетн не се пласирал во четвртфиналето. Оваа сезона тоа го стори тимот на Мешков Брест, кој во четвртфиналето беше елиминиран од Барселона.

Петто место е резервирано за Фленсбурн, тим кој никако не може да стигне до завршниот турнир во последните шест сезони иако игра во четвртфиналето. Германскиот тим последен пат играше во Келн во 2014 година, кога и ја освоија титулата. Оваа сезона беа елиминирани од Алборг за еден гол (55:54)