Дополнително покачување на платите од 5% од јуни 2020 ќе добијат и здравствените соработници

81

Дополнително зголемување на платите од 5% ќе добијат и здравствените соработници во јавното здравство. Покачувањето на платите на здравствените соработници ќе почне од јуни 2020 година. Јавното здравство во текот на 2019, и со тоа што ќе следи во тековнава година, добива рекордно зголемување на платите во сите сектори. Здравствените кадри првпат во постоењето на државата добиваат толку покачувања на платите и бенефиции и се инвестира во подобрување на нивниот статус.

Вложувањето во здравствените кадри е со цел да се мотивираат и јавното здравство да има квалификуван и професионален медицински кадар што е еден од основните услови за квалитетно здравство.

Зголемувањето на платите е само една од промените што се направени во изминатиот период. На целосното вложување во човечкиот капитал се поврзуваат и најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност. Со овие измени се направи значително зголемување на коефициентот на сложеност, а се зголеми и додатокот на плата за дежурства.

Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари 25% и 15% на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година.

Со цел подобрување на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство во изминатите две години дадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања во јавното здравство. Покрај зголемувањето на платите, капацитетите на јавното здравство се зголемуваа и со подобрување на условите за работа во секоја јавна здравствена установа.

Министерството за здравство и во 2020 година продолжува да инвестира во човечкиот капитал и целосно во здравството, затоа што само со професионалност и квалитетна работа, пациентите ќе добиваат врвна здравствена нега.