EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА лигата. Словенецот на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.

  • Уморен сум како куче, изјави Дончиќ по мечот, на што новинарот изјави дека подоцна може да се одмори. На ова следуваше нов, духовит одговор на словенечкиот кошаркар: „Ми треба пиво за да се оправам“.

Дончиќ отиде на линијата за слободни фрлања на 4,2 секунди до крајот, го погоди првиот удар, а потоа намерно го промаши вториот удар. Словенечкиот играч на секунда пред крајот успеа да дојде до топката и да постигне кош за 115:115. Во продолжението Дончиќ со седум поени го предводеше својот тим до четвртата последователна победа.