Легендарниот американски кошаркар, Скоти Пипен, кој е член на „Куќата на славните“, смета дека 20-годишниот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, веќе е во состојба да се бори за шампионскиот прстен.

  • Лука Дончиќ веќе е подготвен да го освои првенството. Тој станува се подобар и подобар на секој натпревар. Тој доминира. Дончиќ не игра себично и многу добро го чувствуваме неговото присуство на теренот. Ова е млад играч кој е самоуверен. Се повеќе и повеќе се открива. Тој се движи кон тоа да стане голем играч. Дончиќ е еден од најдобрите играчи во лигата, истакна Пипен.

За Словенецот, ова е втора сезона во НБА-лигата, а минатата, неговиот тим за малку не избори плејоф.