Дончев: Немаше блокада за купување на Диамед

98

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, негираше дека правеле пречки во случајот со шведската фирма „Диаверум“, кога оттаму дошле на средба во ФЗО и во Министерството за здравство. Тие првично се повлекле, а потоа рече во октомври 2018 странските инвеститори ги известиле дека сепак, имаат намера да ја купат македонската фирма.

По ова, тие им пишале на Швеѓаните дека во нормални околности државата не би се мешала, но оти во случајот со фирмата што сакаат странците да ја купат има сомнежи за криминално наместен тендер и злоупотреба на службената положба од лица од врвот на тогашната власт.

-Сакам да потенцирам дека Државата не прави никакви пречки при преземањето. Диаверум префрлува 2,5 милиони евра на сметка на Вера Иванова во банка во Северна Македонија и 9 милиони евра на сметка на банка во Монако. Државата добива потврда од Монако дека истиот ден кога се префрлени парите на сметката во Монако, Ристо Новачевски на свое име отвора банкарска сметка во истата банка во Монако. Брзо потоа, по барање на државните институции 2.5 милиони евра на сметката на Вера Иванова во Скопје и 9-те милиони на сметката во Монако се замрзнати бидејќи се води предистражна постапка – објасни Дончев.