Донирани душеци на Детската клиника – Козле

38

Детската клиника – Козле доби душеци што се донација од компанијата „Комодита хоум. Со тоа, како што најавија од компанијата, почнува хуманата мисија на Kомодита хоум под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100.000 евра.

– Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1.500 душеци во Детска клиника Козле, Кардиологија, Ковид центри низ МК, Геријатрија, СОС детско село, а оваа наша донација е со финансиска вредност од над 100.000 евра. Во соработка со Општините директно ќе ги помагаме и најзагрозените семејства. Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа донација, ја најавувам како веќе потврдена и донацијата на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” – истакна Харитон Гаџоски од „Комодита хоум“.

Тој додаде дека со нивниот потег се радуваат што ќе помогнат на нивните сограѓани.

– Сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности – нагласи Гаџоски.