Владата на седница донесе Протокол за работа на музеи, галерии и изложбени простори, како и Протокол за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при
организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани.

На оваа седница, соопштуваат од владината прес-служба, донесени се и Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.