Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, стана мета на напади на активистите за заштита на природата, откако застрела дива овца (Аргали) во лов во Монголија.

Животното кое се одликува со големите рогови, се смета за национално богатство во оваа азиска држава. Аргалите се загрозен и заштитен вид.

Доналд Јуниор дозволата за лов ја добил од претседателот на Монголија, но отпосле, откако го застрелал животното.

Борците за права на животните обвинуваат за „корупција, пари, врски и политика”, се вели во еден извештај за оваа тема.

Инаку, во јавноста е познато дека Доналд Трамп е против собирањето ловни трофеи, нарекувајќи ги „хорор”, и покрај тоа што двајцата синови му се страсни ловци.