ДОМ прашува: Каков отпад се складира во Дрисла?

146

По раширените информации по социјалните мрежи дека една од причините за аерозагадувањето е увоз, складирање и горење на опасен отпад во Македонија, зелената партија ДОМ јавно бара одговор од надлежните институции.

– Како граѓани, мора да знаеме дали се увезува опасен отпад и дали тој останува во земјата, за да се складира на единствената официјална санитарна депонија „Дрисла“, или на некоја од многуте диви депонии, дали се гори и каде, дали се употребува како гориво за некои од фабриките со А или Б-интегрирана дозвола, или за погони што работат со елаборати – прашаа од ДОМ.

Од Зелените бараат надлежните институции да извршат внатрешна контрола на својата документација и работење во оваа смисла и да дадат јавен одговор.

– Како граѓани, бараме да биде заштитен јавниот интерес и да се преземат итни мерки, било во измена на закони и подзаконски акти, било во санкционирање на евентуалните прекршители на постојната регулатива.