Дома ќе стануваме Северна на рати, надвор во рок од пет години!

59

Грчкиот Парламент денеска во 14 часот, според последните најави, ќе гласа ЗА или ПРОТИВ Преспанскиот договор. Но, ратификацијата во грчкиот Парламент не е крај на овој процес, туку е  претпоследна фаза во процесот, потоа следува ратификацијата на Протоколот,  вели министерот за надворешни работи Никола Димитров.  Што по ратификацијата и кога Македонија и практично ќе стане Република Северна Македонија?

 

„Процесот заминува во Брисел каде Грција и останатите 28 земји-членки ќе го потпишат Претпристапниот протокол, потоа ќе се врати назад во Атина за ратификација. Се менува Вашингтонскиот договор се прави место за нас како земја-членка и согласно тоа одлуката за уставните амандмани влегуваат во сила во нашиот домашен правен систем. Разменуваме ноти со грчкото МНР. Ги информираме ОН, земјите-членки билатерално ги информираме“, изјави  Димитров, во емисијата Топ тема.

Тој нагласи дека во однос на новите документи има преоден рок во Договорот, наречен согласно разумните административни практики. За документите кои се користат меѓународно, вкупниот рок е пет години да бидат целосно заменети со нови, а  домашните документи ќе се менуваат постепено со отворањето на соодветното поглавје во преговорите со ЕУ.