Дома си е дома: Стефан од “Некст тајм“ со девојката на Маврово

350

Кај нас е зима, иако не е онаа вистинска студена со многу снег, сепак познатите уживаат, секој од нив на свој начин. Некои дури и заминаа во топлите краеви, таму некаде на Малдиви, во Дубаи, но и не популарниот Стефан од дуото “Некст тајм“. Тој зимските денови не ги поминува во загаденото и магливото Скопје, туку на Маврово каде има и доста снег. Таму Стефан не е сам, тој е со својата девојка Маја Ристевска, која е манекенка по професија. Уживаат на снежната белина, а Стефан и од Маврово прави нови музички планови за оваа година. Со оглед дека 2019 им беше успешна после песните “Нешто ќе те питам бабо” и “Јовка кумановка“ сега се чека на новите.
– Работиме на проект на комитски песни кои, верувале или не, го почнавме уште во 2014 год. со “Ја излези Ѓурѓо”. Веруваме во настапите и надвор од границите на нашата земја, каде што има и публика која не нè слушнала како изведуваме во живо и тоа е мотив плус да докажеме кои се „Некст Тајм“. Тоа е за нас, но на вас би ви посакале да сте здрави, живи, среќни и исполнети со позитивна и убава енергија. Ве сакаат Мартин и Стефан Филиповски „Некст тајм“, напишаа браќата на својот профил на Фејсбук. Д.М.