Кошаркарите на ЦСКА од Москва го совладаа Панатинаикос на домашен терен со 97:77 во натпреварот од 13. коло во Евролигата. Најзаслужен за оваа победа на рускиот тим беше Алексеј Швед со 17 поени и 13 асистенции.

До нова победа дојде и турски Фенербахче, кој на домашен терен беше подобар од Монако со 96:86. Избраниците на Саша Ѓорѓевиќ ги предводеше Јан Весели со 20 поени и десет скока.

На преостанатите два натпревари Баерн славеше дома над Асвел со 73:65, Залгирис над Басконија со 72:68, како и Реал Мадрид над Макаби ТА со 72:70.