Внесете ја италијанската кујна во својот дом со подготовката на едноставниот песто сос. Тоа е традиционален италијански специјалитет кој потекнува од Џенова, а се подготвува само од листови босилек, затоа што цветовите и гранчињата ќе му дадат горчлив вкус.

Ви предлагаме да го подготвите овој вкусен песто сос од босилек и ореви и да ги обогатите ги своите оброци

Состојки: 

  • 6 чешниња лук
  • половина шоља ореви
  • 4 шољи листови свеж босилек
  • 2 шољи свеж магдонос
  • 1 шоља маслиново масло
  • сол и бибер

Подготвка:

Потпечете ги чешнињата лук, во лушпа, на тава околу 5 минути. Потоа оставете ги да се оладат, па излупете ги. На истата тава потпечете ги и оревите, само колку да пуштат арома.

Потоа сите состојки ставете ги во блендер, додека не се измиксираат во прекрасно песто.

Пријатен вкус!