Домашни перничиња – готови се за миг

303

Овие перничиња од тесто се наједноставниот брз рецепт за појадок или за вечера. Се подготвуваат едноставно, а од една доза излегуваат прилично многу. Можете да ги јадете како солена варијанта, но и блага со џем или крем, бидејќи тестото е неутрално.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 200 гр брашно половина пециво
  • сол
  • 150 мл јогурт
  • масло за пржење

Подготовка:

Изматете го јајцето со јогурт, посолете и додадете го брашното и прашокот за пециво. Убаво измешајте и смесата е подготвена.

Ставете поголема количина масло во подлабока тава за пржење и загрејте го убаво. Но, пред да почнете да ги пржите намалете го шпоретот, за да не почнат уштипците веднаш да ви горат туку да се пржат на умерен огин. Ставајте од смесата со лажица во врелото масло и пржете ги кратко.

Вадете ги кога ќе заруменат со лажица-решетка и ставајте ги на кујнска хартија, за да го впие вишокот на масло.

Можете да го послушите со ајвар и сирење, но нема да згрешите ако ги пробате и со џем и шеќер во прав.

Пријатен вкус и уживајте!