Домашен притвор за голманот кој ја исечка девојката на парчиња

126

Бразилскиот голман Бруно Фернандез, кој доби затворска казна во траење од 22 години, поради убиство на поранешната девојка Елиза Самудио, ќе биде пуштен во куќен притвор иако има одлежано само шест години.

Фернандез во 2013 година беше осуден на 22 години затвор затоа што со помош на своите пријатели извршил брутално убиство. Голманот реши на најбрутален начин да ѝ се одмазди на својата девојка која го тужеше затоа што не плаќал алиментација за синот. Фернандез ја уби девојката со помош на своите пријатели, а откако телото го исекол на повеќе парчиња, истите ги фрлил на своите кучиња.

За време на судењето Фернандез призна дека бил дел од организацијата, но никогаш не призна дека учествувал во убиството. Сепак, после само шест години, фудбалерот ќе излезе од затворот „Варгиња“. Судот му дозволи останатиот дел од казната да ја помине во домашен притвор.

Судските органи проценија дека Фернандез ги има исполнето сите услови за да биде префрлен во затвор кој е од полуотворен тип и во кој на осудените лица им е дозволено да тренираат и да одат на работа. Сепак, сите имаат обврска ноќта да ја поминат зад решетки. Интересно, поради неможноста за спиење во затворот, на Фернандез му е дозволено да спие во сопствениот дом. Голманот од 20:00 до 06:00 часот мора да биде во својот дом.

Ова не е прв скандал кој се однесува на поранешниот голман на Фламенго кој во 2017 година беше пуштен на слобода и веднаш потпиша договор со еден второлигаш. Поради револтот на јавноста и фактот дека клубот остана без главниот спонзор, Фернандез после само два месеца беше вратен во затворската ќелија.