Модрите или „црните“ сливи се овошје кое на пазарите во овој период го има во изобилие. Вкусни и здрави се кога се јадат свежи, но за големите сладокусци убаво е да пробате и џем од модри сливи. Многу домаќинки го подготвуваат мешан со други овошја, како праски и јаболки, но најубав сепак е само од сливи.

Во зимските месеци одлично оди со палачинки, вафли, или пак, едноставно во некој колач.

За подготовка на џем од сливи ќе ви биде потребно:

  • 5 килограми модри сливи, исчистени од семките
  • 1 килограм шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • малку рум (по вкус)

Измијте го овошјето, преполовете и извадете ги коските. Насецкајте ги сливите на поситни парченца и наредете ги во плех и посипете ги со шеќер. Ставете една ванила и малку рум за вкус.

Печете на 170 степени, додека овошјето не омекне. Кога ќе зовире од време на време промешувајте го џемот. Печете околу 1,5 час. Топлото овошје наредете го во стерилизирани тегли.

Уживајте!