Дома МАКЕДОНИЈА Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за НАТО

Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за НАТО

101
Долниот дом на шпанскиот Парламент утрово го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, се пофали на фејсбук шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Muchas Gracias! Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против!  Следната и последна станица: Сенатот …, напиша министерот за надворешни работи.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите во земјата и потешкотиите при формирањето на Владата.