Долго чувана тајна: Финансиски криминал во “Ѕвездите на Гранд“, да или не?!

13234

Имаше 40 емисии во една сезона, па едноставната пресметка покажува дека Стојковиќ заработувал 80.000 евра годишно, Миљковиќ и Ана Бекута по 100.000 евра, Ѓорѓе Давид 120.000 евра, Мара Шерифовиќ 180.000 евра, а Карлеуша вртоглави 240.000 евра. И сè на рака, без да се плати данокот кон државата Србија. Срамно! Без разлика на сè, Македонците и оваа година учествуваат во шоуто

Спектакуларното балканско мегашоу “Ѕвездите на Гранд“ стартуваше на 18 септември на ТВ канал 5, во исто време кога на МТВ 1 ја гледавме и финалната вечер на “Макфест 2021“, па на гледачите не им беше лесно што да гледаат. Нема да им е лесно ниту кога ќе прочитаат (подолу) за кои вртоглави пари во ова скапо шоу учествуваа(т) членовите на жирито. Секако, допрва, најскапа е и најголемата ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа ќе добие огромен хонорар од 200.000 евра! Тоа предизвика многу остри плукачки коментари низ цела Србија, парите да не се фрлаат на тие глупости, туку да се дадат за лекување од коронавирусот. Нормално дека никој загрижените не ги послушал, па шоу ќе има, иако секогаш се вели „здравјето, пред сè“. Во овој случај, парите пред сè!

Фирмата “Јунајтед Медиа“, која е сега сопственик на “Гранд“, откако Саша Поповиќ и Лепа Брена им ја продале продукцијата, ќе треба да плати данок кон државата од 50.000 евра, доколку се потпише законски договор со Цеца. И таа бара бидејќи не сака ништо да е на црно. Досега, а според аферата која ја разоткрил српскиот “Курир“ на членовите на жирито парите им се исплаќале во кеш, наместо на трансакциска сметка.
– Тоа е голем криминал и за тоа некој ќе одговара. Знаеме кои биле сопствениците пред доаѓањето на “Јунајтед Медиа“,треба да се прави детална истрага, тоа е обемна работа, ќе мора да се надомести данокот. Или ќе им се одземе имотот, порачаа надлежните. Според нивните досегашни истражни сознанија, Драган Стојковиќ Босанац добивал 2.000 евра по емисија, Ѓорѓе Давид 3.000 евра, Виолета Вики Миљковиќ и Ана Бекута по 2.500 евра, Марија Шерифовиќ – 4.500 евра додека Јелена Карлеуша заработувала најмногу, дури 6.000 евра за секое шоу.

Бидејќи имаше 40 емисии во една сезона, едноставната пресметка покажува дека Стојковиќ заработувал 80.000 евра годишно, Миљковиќ и Ана Бекута по 100.000 евра, Ѓорѓе Давид 120.000 евра, Мара Шерифовиќ 180.000 евра, а Карлеуша вртоглави 240.000 евра. И сè на рака, без да се плати данокот кон државата Србија. Срамно!
– Сè е наведено во мојот договор со “Гранд“, секој детаљ и, секако, дека ќе се плати данокот, изјавила Цеца не сакајќи да се занимава со криминални работи. За овој мегаскандал бруи цела јавноста, а и допрва ќе се дознава. Во меѓувреме шоуто најнормално ќе се одвива, а во него како и секоја година така и оваа, ќе има и многу пејачи од Македонија кои ќе си ја бараат популарноста (Д.М.)