Долгот на Украина изнесува 124,3 милијарди долари

33

Државниот долг на Украина на 30 април изнесува 124,3 милијарди долари, што е приближно 116,1 милијарди евра.

Ова денеска го соопшти претседателот на комисијата на украинскиот парламент на Врховната Рада за финансии, даночна и царинска политика, Данило Гетманцев на својот канал Телеграм.

Гетманцев додаде дека во април украинскиот национален долг е зголемен за 4,4 милијарди долари, односно за 4,1 милијарди евра.

Тој прецизираше дека учеството на надворешниот долг во структурата на јавниот долг е 66,9 отсто – пред почетокот на конфликтот со Русија беше 60,9 отсто, а учеството на внатрешниот долг е 33,1 отсто – пред конфликтот беше 39,1 отсто.

Учеството на јавниот долг во девизи е 69,8 отсто, додаде Гетманчев.