Долгот за вода на рати го платиле 551 корисник

34

Со цел да им излезе во пресрет на корисниците, ЈП „Водовод и канализација“ спроведе акција од 17 до 31 јули при што оние со неподмирени сметки можеа да го платат долгот на рати без камата.

– Во рамки на акцијата за наплата на долговите на рати без камата, која заврши на 31 јули (петок) можноста ја искористија 551 корисник и се потпишаа исто толку договори. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари – стои во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“.

Оттаму апелираат до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.