Долга пауза за Санчез

53

Во следните неколку дена точно ќе се знае колку ќе отсуствува од зелениот терен чилеанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Алексис Санчез.

Крилниот напаѓач заработи незгодна повреда додека настапуваше за националниот тим, а репрезентативниот доктор откри дека Санчез мора итно да биде опериран.

Доколку таквата констатација биде потврдена и од лекарскиот тим на Интер, тогаш поранешниот фудбалер на Удинезе, Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе мора да паузира во следните три месеци.