Доларот повторно зајакна, цените на нафтата ги надоместуваат загубите

71

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути на валутните пазари повторно порасна. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,27 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,28 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 134,35 на 136,90 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0490 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0575 долари.

Цените на нафтата повторно пораснаа, откако вчера потонаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,55 отсто на 83,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,53 отсто на 77,35 долари.