Документи од Секторот за урбанизам ќе се подигаат секој понеделник и со претходно известување

60

Секторот за урбанизам и урабнистичко планирање на Општина Центар ќе ги издава хартиените документи (изводи од ДУП-ови, правосилни-управни акти и слични документи), во нов работен термин.

Новиот термин ќе важи од 13 април 2020 година, секој понеделник од 9 до 13 часот и преку пултот кој се наоѓа на самиот влез во бараката со број 3 (Сектор за урбанизам), ќе се издаваат сите хартиени документи кои им се потребни на граѓаните.

Издавањето на документите ќе се извршува само со претходно известување на странките од страна на вработените во Секторот за урбанизам.