Документарец за млади: Проекција на „Граѓанин Европа“

129

„Граѓанин Европа“ е насловот на документарниот филм во режија на Ангелики Аристомонопулу и Андреас Апостолидис чија промоција ќе се одржи утре (21 мај), во 14 часот, во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

„Документарниот филм ‘Граѓанин Европа’ раскажува пет приказни на учесници во програмата ‘Еразмус’, кои работат, учат и волонтираат низ Европа. Младите протагонисти за прв пат ги напуштаат своите домови за да си докажат дека можат да преживеат во непозната средина…“, посочија од МакеДокс. По проекцијата е најавена панел-дискусија со студентите и со претставници на Националната агенција за европски образовни програми и Делегацијата на Европската Унија, која ќе ја модерира Тања Кригер, директорка на Гете-институтот во Скопје.