Докторката која го откри новиот сој: Бараа да не кажувам дека омикрон предизвикува благи симптоми

3570
Фото: Youtube

Анџелик Кeце, јужноафриканската докторка која го откри сојот омикрон на корона вирусот и ги лекуваше првите пациенти заразени со овој сој, во интервју за германскиот магазин „Welt“ кажа досега непознати детали за притисокот на кој била изложена по нејзиното откритие. Таа во интервјуто откри дека политиката и науката вршеле притисок врз неа да продолжи со плашењето во Европа.

Таа тврди дека „никој во Европа не сакал да слушне дека омикрон е поблага варијанта на корона“, и дека била под притисок од неколку влади да не зборува за тоа така.

„Ми рекоа да не зборувам јавно дека омикрон предизвикува лесна форма на болеста. Од мене беше побарано да се воздржам од такви изјави и да кажам дека се работи за сериозна болест. Одбив“, изјавила таа за Велт.