Докажете дека се сакате и можете да ноќевате во куќата на Јулија во Верона за Денот на вљубените

105

По повод Денот на вљубените – Свети Валентин, 14 февруари, Airbnb подарува сместување во Верона за двајца, во куќата на Јулија од 14 век. Среќната двојка ќе ужива во вечерата која посебно за нив ќе ја подготви Џанкарло Пербелини, шеф со две Мишелинови ѕвезди во биографијата, ќе спијат во креветот кој се користел за снимање на филмот на Зефирели од 1960 година, а за што ќе им биде потребно ќе се погрижи личен батлер.

Ако уште на ова додадете цвеќе и свеќи, не може да биде поромантично, а гурманските слатки и разгледувањето на италијанскиот град со водич, би можеле да им се допаднат и на оние кои Денот на вљубените им е како и било кој друг ден во годината.

Во тоа време се одржува и веронскиот полумаратон „Јулија и Ромео“, па несекојдневното сместување може да го комбинирате со разгледување на мостовите во Верона и идиличните улици, но во тркачки патики.

Заинтересираните двојки до 2. февруари може да испратат романтично писмо до Airbnb, во кое ќе објаснат зошто токму тие ја заслужуваат оваа единствена шанса, да го прослават „Свети Валентин” на најромантичната локација. Тимот на платформата ќе одлучи кое од испратените писма има најавтентична приказна и врз основа на тоа ќе го селектира среќниот пар.