Докажан рецепт за совладување на жештините: Храна која ја одржува хидратацијата

73
Високите температури во летниот период, колку и да се пријатни, го принудуваат телото да се пот и да губи течности, што секако мора да се надомести. На крајот на краиштата, познато е дека човечкото тело е 70 проценти вода. Дали само ќе пиеме вода или ќе му помогнеме на телото да ги надополни течностите на следниот начин, со конзумирање на храна со висок процент на вода како лубеница, диња, краставица, домати, тиквички.
Препораката е нивно комбинирање.
Лубеницата содржи 92 отсто вода, освен хидратација, оваа намирница ќе ни донесе и доволна количина овошни шеќери, а добро ќе делува и во борбата против целулитот и подобрување на тенот.
Дињата, како и лубеницата, содржи висок процент на вода, 90 проценти, благодарение на што го хидрира телото, лади и освежува. Дињата е многу вкусна, со атрактивни, убави бои, а може да се комбинира во овошна салата, но и во солена варијанта со пршута.
Краставицата содржи 95 отсто вода во својот состав, многу ќе ни помогне во исфрлањето на насобраните отрови од организмот. Познато е дека тие влијаат на здравјето на кожата, а се составен дел на козметичките препарати.
Доматите, покрај високиот процент на вода за хидратација на телото од 71 отсто, содржат многу важни антиоксиданси, корисен витамин Ц и ликопен-пигмент за поздрава и повитална кожа.
Тиквичките имаат и висок процент на вода, 95 проценти, а освен што помагаат при замена на течности, содржат и важни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали.