Доживотен затвор за тинејџерот кој во полиција го пријави неговата мајка

605
Тинејџерот, кој мајка му го пријави на британските антитерористички власти, е осуден на доживотен затвор, односно на барем шест години затвор поради планирање терористички напад на полицајци или војници.

 

Во првото изрекување на пресудата за тероризам во Англија и Велс прикажано на телевизија, судијата ја пофали мајката на Метју Кинг(19) што својот сомнеж за синот го искажажа во антитерористичката програма „Заштити’.

Кинг во јануари се изјасни за виновен за подготовка на терористички акт меѓу 22 декември 2001 и 17 мај 2022 година.

Кинг кој своите радикални ставови ги изнесуваше на интернет во текот на пандемијата на вирусот корона, изрази желба да убие воен персонал и рече дека се подготвувал да упадне во касарната на британската војска во источен Лондон. Исто така тој изрази желба да отпатува во Сирија за да се пирдружи на таканаречената Исламска држава.

Тие негови желби беа осуетени кога беше пријавен од сопствената мајка. Покрај тоа, властите биле известени за тоа преку антитерортистичка линија откако Кинг објавил видео на групата на ВатсАп во април 2022 година.

Судијата Марк Лукрафт во текот на изрекувањето на пресудата во Олд Бејли, централниоот кривичен суд во центарот на Лондон, рече дека утврдил дека Кинг бил опасен престапник способен да нанесе штета на јавноста, и покрај тврдењата на неговиот адвокат дека обвинетиот е на пат на дерадикализација.

„Јасно е дека развивте вкоренет исламистички екстремистички начин на размислување, екстремни антизападни ставови и дека имате намера да извршите терористички акти и во ОК и во странство“, му рече судијата на Кинг.

Кинг би можел да излезе од затвор за пет години бидејќи веќе поминал 367 дена во притвор, кои ќе бидат земени предвид и одземени од должината на казната.