Додик за Евровизија: Цела Српска ќе биде со Констракта и Србија

264

Утре цела Република Српска ќе биде со Констракта и Србија, напиша на својот Твитер профил српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Претставничката на Србија, Ана Ѓуриќ Констракта, со песната „In corpore sano“ се пласираше во финалето на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, пренесува Српскаинфо.