Доделување на наградата „Европска личност на годината“

39

Свечено доделување на наградата „Европска личност на годината“ што оваа година Европското движење ја доделува на спортистката Оливера Наковска Бикова ќе се одржи денеска во Битола.

Наградата ќе биде доделена со пригодна дебата на тема „Спортот во македонското општество: Имаме ли соодветен пристап кон спортот и физичката култура?“.

Покрај Оливера Наковска Бикова, на свеченоста ќе присуствува и нејзината екипа, како и професори по физичка култура, универзитетски професори, ученици, студенти и членови на Европското движење во Република Македонија.

Инаку, признанието „Европска личност на годината“ традиционално го доделува Европското движење како најстара невладина организација во нашата држава, формирана во 1991 година, давајќи исклучителен придонес во афирмацијата на европските вредности во македонската јавност, како и за промоција на Македонија во Европа на бројните меѓународни конференции.

– Со доделувањето на оваа титула им се оддава признание на поединци, кои со своето делување, исто така, ја приближуваат Македонија до ЕУ. Ова признание досега го добија Ана Дурловски, Борис Трајанов, Борис Трајковски, Вања Ефремова, Влатко Стефановски, Живко Мукаетов, Јован Балов, Луан Старова, Љупчо Коцарев, Радмила Шеќеринска, Сашко Коцев, Симон Трпчевски, Тоше Проески, Горан Пандев, Илир Демири и други, наведуваат од Европското движење