Доделени нови 37 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

88

Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски додели нови 37 ваучери за новороденчиња, од кои 16 се за женски деца и 21 за машки.

Општината еднократната парична помош, која е во висина од 6.000 денари, ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија, соопшти прес-службата на општината.

За добивање на ваучер заинтересираните потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Барањата треба да се поднесат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето, стои во соопштението од опшптината.