Додека “Ѕвездите на Гранд“ се на летна пауза, Сузана Поповиќ сопругата на директорот Саша, се разголи!

239

Сузана Поповиќ, сопругата на Саша Поповиќ, директорот на “Гранд продукција“, Гранд телевизија и популарното ТВ-шоу “Звезде Гранда“(Ѕвездите на Гранд), најпосле се соблече во бикини иако е цело лето на море. Таа со Саша и нивната заедничка пријателка “мала од скандала“ Јелена Карлеуша одмара во Опатија на Истра на Јадранско Море. Сузана е уште во одлична физичка форма иако е во пристојни години, но воопшто не сака да постира свои слики од плажа. Меѓутоа во тоа ја премисли токму таа, Јелена Карлеуша, која без око да ѝ трепне става свои најбезобразни летни секси фотографии. Во еден момент, токму на плажата, Јелена ја сликна Сузана која остана изненадена од убавата слика, па се согласи да ја закачат на социјалните мрежи. И веднаш сите коментираа дека не знаеле колку убава жена има Саша Поповиќ, прашувајќи го, “зошто досега директоре си ја криел Сузана од публиката”? Д.М.