Додека шпанската фудбалска репрезентација се поти на Европското првенство, фудбалерот на Монако, Сеск Фабрегас се лади уживајќи во одморот со својата секси сопруга – Даниела Симан.

Тие како дестинација го избраа грчки Миконос, а пред само неколку дена уживаа и во убавините на Барселона.

Но, кога пристигнаа на плажа, во центарот на вниманието не беше поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал, туку неговата згодна сопруга. Иако има 46 години, Даниела изгледа фантастично, па за својата совршена фигура доби бројни коментари на социјалните мрежи.

И покрај петте деца кои ги роди, две од претходниот брак и три со Фабрегас, изгледа совршено.

Даниела и Фабрегас својата врска ја започнаа уште во 2011 година иако таа беше во брак во тој момент. Набргу потоа Даниела се разведе и ја официјализираше врската со поранешниот шпански репрезентативец.

Инаку, „Црвената фурија“ обезбеди осминафинале на ЕП во кое ќе игра против селекцијата на Хрватска.