Двократниот ракометен европски шампион, тимот на Вардар, под водство на новиот тренер Веселин Вујовиќ, ги почна подготовките за новата сезона, во која ќе војуваат на три фронта, во Лигата на шампионите, СЕХА Лига и домашниот шампшионат. Воедно ова е трет пат ккао Веселин Вујовиќ, седнува на клупата на „црвено – црните“ но овој пат со поголем притисок, бидејќи неговите претходници Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо ја донесоа во Скопје ттитулата од Лигата на шампионите.

Од новите засилувања на првата прозивка не се појавиа само Шпанецот Едуардо   Гурбиндо, кој со „црвената – фурија“ е на подотовки за настапот на ЛОИ, а Стоилов и Ристовски почнаа со тренинзи иако се уште не се стопроцентно подготвени поради повредите што ги мачеа во текот на ланската сезона.

-Како и секогаш сите играчи не доаѓаат исто подготвени на тренинзите, некои дојдоа во подобра форма, некои во полоша, но во секој случај има позитивна атмосфера, амбиент кој ни дозволува да работиме опуштено. Пред нас е тешка задача, бидејќи сите очекуваат од Вардар трофеи. Ниту јас како тренер, ниту играчите, ниту македонската јавност не се задоволува со просечност. Им кажав на играчите, може да ме сакаат или да ме мразат, но додека јас сум тренер мора да го остават срцето на терен, да гинат, да се борат и да докажат дека го заслужуваат дресот, изајви по првиот тренинг Вујовиќ.

Возбуден што ќе го носи дресот на Вардар, беше и хрватскиот интернационалец Анте Кудуз, кој по првиот тренинг со „црвено – црните“ изјави:

-Сонував еден ден да заиграм за Вардар, а сега тој сон ми стана јаве. Кога почнаа преговорите прашав неколку хрватски ракометари кои биле во Вардар, сите ми кажаа се најдобро за овој клуб. Чест ми е што сум тука, едвај чекам да почнеме со работа, да влезам во шема со тренерската филозофија и да почнам да прикажувам добри игри за мојата нова екипа, изјави Кудуз.

Вардар на 11 август го има првиот тест со Еурофарм Пелистер, па следи струшкиот турнир, а потоа и Хумел Купот во Германија, пред да продолжи четвртфиналето во СЕХА кон крајот на идниот месец за место на завршниот фајнлфор во Задар од 3 до 5 септември.

Фото: РК. Вардар