Додека пратеник дебатира во новозеландскиот парламент, претседателот му го храни бебето/видео

112

Во текот на седницата на парламентот на Нов Зеланд, претседателот на Собранието, Тревор Малард, се грижеше за шестнеделното бебе на еден од неговите колеги, хранејќи го притоа со шишенце млеко.

Малард го држеше во прегратка Тутанекаи, новородениот син на пратеникот Тамати Кофи и неговиот партнер, кој минатиот месец им го роди сурогат мајка, пренесе АП.

Малард се понудил да го придржи бебето на пратеникот, додека овој говорел, нагласувајќи дека секогаш е тука да им помогне на пратениците со деца, кога има можност.

„Постојат моменти кога и јас можам да бидам од корист“, рекол Малард.