Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, откри дека откако ќе заврши Мундијалот во Катар ќе има состанок со Лионел Меси.
- Игра фантастично за нас во актуелната сезона, постигна многу погодоци и асистенции за репрезентацијата и за ПСЖ. Се договоривме дека ќе имаме заеднички состанок откако ќе заврши Мундијалот во Катар. Двете страни се многу среќни, ќе разговараме по СП 2022, изјави Ал-Келаифи.
Аргентинецот има договор со ПСЖ до крајот на актуелната сезона.