Договорена позајмицата на Одегард

32

Репрезентативецот на Норвешка, Мартин Одегард, актуелната сезона ќе ја одработи како позајмен играч во редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Офанзивниот играч за врска е во сопственост на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), кој ќе заработи околу 2 мил. евра за 6-месечната позајмица на Одегард. Освен таа парична сума, челниците на Арсенал се обврзаа да ја покријат и неговата неделна плата од 38.000 евра.