Доволни се четири состојки да го победите:Индиски напиток за совладување на мамурлакот

53
Мамурлакот не е шета и за жал станува се понеподнослив со стареењето.
Според една корисничка на ТикТок, лесно можете да се излечите од непријатностите на мамурлакот со едноставен напиток кој се приготвува од само четири состојки.
Станва збор за индиски напиток познат и признаен како ефикасно средство за лечење на симптомите предизвикани од претерано консумирање алкохол.
Рецептот на ТикТок го сподели корисничката @desigirleatstheworld која тврди дека навистина е ефикасен. Се што ви е потребно се минерална вода, коксова вода, лимета и хималајска сол.
Наведените состојки се мешаат во голема чаша и напитокот е подготвен за консумација.
Минералната вода помага да се надоместат хранливите материи и го смирува вознемирениот желудник.
Кокосовата вода е природен изотоник, што значи дека многу побрзо го рехидрира организмот.
Лиметата помага во контрола на нивото на шеќер во крвата и има високо ниво на витамин Ц.
Хималајската сол е богата со минерали. Содржи повеќе калиум, калциум, магнезиум и железо, а помалку натриум.
Сличен напиток за лечење мамуркал се пие и во Мексико, но без кокосова вода.