Добротворен базар во ГТЦ и концерт во Македонската филхармонија

167

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, ќе се одржи традиционалниот Меѓународен добротворен базар во организација на „Добредојде“ Macedonia Welcome Center – DMWC  и во соработка со 27 амбасади и меѓународни организации во нашата држава.

Базарот ќе се одржи в сабота во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, со почеток во 11 часот.

Дипломатскиот добротворен концерт „Слушни ме со срце“ како составен дел од овој настан ќе се одржи в сабота во зградата на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, средствата собрани  од овој базар и концерт ќе бидат наменети за деца со церебрална парализа во Центарот за церебрална парализа.