Добра идеја! Во ресторан дополнително се наплатуваат глупи прашања

108

Во американската држава Колорадо веќе 20 години работи ресторан каде глупо прашање се наплатува дополнителни 38 центи. Сопственикот на ресторанот Tom’s  Diner во Денвер на оваа идеја дошол за да ги забавува вработените и гостите.

Иако, оваа традиција опстојува две децении, за ресторанот се слушна неодамна, кога корисник на Reddit сподели фотографија на својата сметка, на која под порачката било наведено и „едно глупо прашање – 0,38 долари“.

Покрај на самата сметка, купувачите за „данокот на глупави прашања“ можат да дознаат и од менито. Сепак, менаџерот на ресторанот Хантер Ландри потенцира дека овој данок не му се наплатува на никого заради злоба. Тие гледаат на тоа како шега.

„Целта е добро да се забавуваме. Во денешниот свет тоа е потребно, да се биде растоварен од сите проблеми, рекол Ландри, додавајќи дека цената на данокот варира, па така порано била 48 центи.

Сепак, целата оваа приказна е од забавен карактер, па така овој данок ретко се става на сметките на муштериите, за да не се навреди некој, освен кога ќе забележат добро друштво во добро расположение.