Организаторите на Олимписките игри во Токио го отпуштија режисерот на церемонијата на отворање, Кентар Кобајаши, заради шегата со холокаустот, која ја изведе за време на настапот во комично шоу во 1998 година.

Претседателот на Организациониот комитет Сеико Хашимото рече дека Кобајаши бил отпуштен еден ден пред отворањето, затоа што ја употребил фразата „Ајде да играме холокауст“ во неговиот настап.

  • Откривме дека господинот Кобајаши користеше фраза во својот говор, исмејувајќи ја историската трагедија. Длабоко се извинуваме што предизвикавме вакви случувања ден пред церемонијата на отворање и што предизвикавме проблеми и загриженост за многу инволвирани страни, како и за луѓето во Токио и останатите на земјата, истакна Хашимото.