Добиени првите резултати за загаденоста на водата во Каменичка Река

47

Добиени првите резултати за загаденоста на водата во Каменичка Река како дел од спроведувањето на проектот „Мониторинг на Каменичка Река“. Од еколошкото друштво ,,Здравец 2002″, кое е реализатор на проектот информираа дека веќе се направени три лабараториски анализи за присуство на тешки метали и други примеси во водите на Каменичка Река.

– Анализата се прави на 32 хемиски елементи и на 15 органолепечки и физичко-хемиски својства на водите на Каменичка Река. Во посебна табела тие показатели се објавени јавно, така што секој може да ги види резултатите, а со тоа и да има претстава дали има и колкаво е загадувањето на Каменичка Река, истакнаа од ,,Еко-Здравец 2002″.

Според истражувањето, максималната загадувачка концентрација на метали во коритото на Каменичка Река од почетокот на годинава до крајот на месец март не е регистрирано, освен

– Сепак и покрај ова апелираме до граѓаните и понатаму да се јавуваат на нашиот број за таа намена, кој е јавно објавен на нашата страница и истиот користи за пријавување на било какво загадување во коритото на Каменичка Река, додаваат од ,,Еко Здравец”.

Проектот ,,Мониторинг на Каменичка Река“ финансиски е поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.

Извор:МИА